Живот и Стил

Крем чорба од печурки и костени: Витаминска „бомба“ која штити од настинки и вируси

Крем чорба од печурки и костени: Витаминска „бомба“ која штити од настинки и вируси

Многу е важно да консумирате домашни супи и чорби во текот на зимскиот период бидејќи не само што го топлат организмот, туку и го штитат од настинки и вируси.

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусна крем чорба од печурки и костени во која со сигурност ќе уживате:

Потребни состојки:

– 450 гр. печурки
– 250 гр. печени костени
– 1 кромид
– 3 чешниња лук
– 2 компири
– 2 лажички путер
– 2-3 лажички маслиново масло
– 5 шолји бујон од зеленчук или вода
– 1 лажичка ким
– мајчина душица

Начин на подготовка:

1. Во поголемо тенџере на оган ставете го путерот и маслиновото масло, а потоа додајте го исечканиот кромид и динстајте околу 5 минути.

2. Потоа додајте го и исечканиот лук, ситно исечканите печурки и мајчината душица. Динстајте со повремено мешање, околу 10 минути, се додека печурките не омекнат.

3. Додајте малку масло, а потоа додајте ги и костените па динстајте уште 2 минути.

4. Во тенџерето додајте ги исечканите компири, бујонот од зеленчук и промешајте, па додајте и сол и црн бибер.

5. Кога ќе започне да врие, поклопете го тенџерето, намалете го огнот и варете 25-30 минути.

6. Тргнете го тенџерето од оган и изблендирајте ја смесата со рачен миксер.

7. Вратете го тенџерето на оган, додајте го кимот и промешајте, а потоа варете уште 5 минути.

извор: точка.мк

Останати вести од Живот и Стил