Живот и Стил

Кратки блејзери и јакни – трендот што ќе освојува оваа година

Кратки блејзери и јакни – трендот што ќе освојува оваа година

Не се новост, но ќе бидат особено популарни годинава – кратките блејзери и јакни ќе понудат многу нови опции за комбинирање.

Миу Миу и Проенза Скулер ги презентираа своите верзии во новите колекции, а high-street брендовите веќе имплементираа широк спектар на модели во своите понуди.

Со скратена должина, во дефиниран или во полежерен крој, со едноредни или дворедни копчиња како потенциран детаљ, оваа верзија на елегантниот блејзер стилски ќе доминира и во уличната мода.

Ќе се носат од дезенирани и еклектични, до минималистички и монохорматски модели, кои впечатливо ќе се комбинираат со здолништа и панталони со висок струк, со џинс или пак во слоевит микс со мантил или јакна.

Во продолжение ѕирнете како кратките блејзери изгледаат во неколку различни, инспиративни аутфити.

извор: точка.мк