Камерниот оркестар на Битола и „Ројал фри сингрс“ од Виндзор ќе одржат концерт во Центарот за култура во Битола, кој ќе се одржи в недела, 27 мај, со почеток од 20.00 часот. Диригент ќе биде маестро Бенедикт Ганер, а придружник Џон Чентри, додека како солисти ќе настапат Сузан Пигот (сопран) и Џереми Ендрус (баритон).

На концертот ќе бидат изведени дела од композиторите Џон Рутер, Вилијам Вилкокс, Пјетро Масгањи, Драган Шуплевски и други. Влезот е бесплатен.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.