Радио Милева
носи или не носи...?

„Кралица на стилот“ повеќе гола отколку облечена, повторно го потенцираше сексапилот: Карлеуша со нова модна димензија или промоција на чиста перверзија? (ФОТО)

„Кралица на стилот“ повеќе гола отколку облечена, повторно го потенцираше сексапилот: Карлеуша со нова модна димензија или промоција на чиста перверзија? (ФОТО)

Уште еднаш, Јелена Карлеуша ги остави мажите без здив, некои со подзината уста, други со падната вилица, трети ги фрли во депресија со својата последна провокативна фотосесија.

Белградската „мала од скандала“ позираше потполно гола, додека носеше само мали детали со синџири, додека долу нешто што е налик на бели кожни панталони, ама сепак повеќе личат на чизми со нитни до препони.

 

 

„Кралица на стилот“  повеќе гола отколку облечена,  повторно го потенцираше сексапилот, предизвикувајќи кај мажите бурна телесна реакција со својата еротско-модна „садо-мазо“ креација. Повеќето од нив воодушевени, некои фрапирани, трети шокирани, но сите заедно во недоумица: Карлеуша со нова модна димензија или промоција на чиста перверзија?

Гигантските силиконски гради  прекриени со рацета, ама затоа задникот дефинитивно во преден план… Карлеуша без гаќички или тангата длабоко врежана во „долината на желбите“, вешто сокриена, за возбудата да биде што поголема? Каква е на тоа поле ситуацијата, ве оставаме самите детално да разгледате, додека  уживате во фотографијата!

Ако не можете да се одлучите ДА или НЕ, кој е точниот збор, еве го вистинскиот одговор!

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/queenofserbia

Останати вести од Радио Милева