Радио Милева
не остана должна

Корисниците на Твитер ја „распнаа“ Ана Бекута – паднаа жестоки навреди за пејачката, а таа блокираше 90 твитерџии

Корисниците на Твитер ја „распнаа“ Ана Бекута – паднаа жестоки навреди за пејачката, а таа блокираше 90 твитерџии

Секоја сабота кога се емитува регионалното музиичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ корисниците на Твитер ги коментираат како кандидатите, така и  членовите на жирито на ова популарно музичко шоу.

Така, овој пат еден корисник на Твитер под псевдонимот Лепи Вијесиќ објави твит во кој го истакна своето мислење за музичката легенда Ана Бекута, па започна да ја навредува.

„После синоќешната емисија во „Ѕвездите на Гранд“ цела Србија имаше прилика да го види тоа што со  години го зборува Лепи Вијесиќ години наназад и дека Ана е обична к**ва, злобна, љубоморна со двоен идентитет. Се срами од своите години, старица една“ гласи еден статус од една непозната личност.

Ана не одговори на прозивките, но ги блокира сите оние кои одговараа под статусот и кои го лајкнаа.

Под објавата се нижеа разни коментари, од оние кои се согласаа со ова мислење, до оние кои ги демантираа написите и застанаа во одбрана на пејачката тврдејќи дека нема потреба така да се обраќа на една жена која зад себе има кариера и многу хитови.

Преку 90 корисници на социјалните мрежи го лајкнаа овој статус на Твитер, а истите беа блокирани од страна на твитер профилот на Ана Бекута.

Набргу, луѓето започнаа да споделуваат дека пејачката ги блокирала само поради тоа ставиле  лајк за статус кој е против неа.

Меѓутоа, истиот корисник на Твитер објасни зошто ја навредувал Ана Бекута.

„Долгогодишното понижување на Виолета Миљковиќ поради потеклото, акцентот, завршената музичка академија/факултет во Приштина, додворувањето кон одредени членови на жирито, таа доза на љубомора, безбразност, тоа не сум го видел“додава еден корисник на Твитер под статусот на Лепи Вијесиќ.

фото: Инстаграм/ана бекута/твитер

Останати вести од Радио Милева