Радио Милева

Копија на бате: Ова е помалиот брат на Дритон или попознат како Талат од „Преспав“ (фото)

Копија на бате: Ова е помалиот брат на Дритон или попознат како Талат од „Преспав“ (фото)
insatgram

Дритон Вејсели е младиот актер кој не освои сите со улогата на Талат од македонската серија „Преспав“.

Третата сезона заврши, а гледачите со нетрпение ја очекуваат веста дали „Преспав“ ќе го добие четвртото продолжение.

Дритон е се почест гостин во разни емисии на телевизија, каде неодамна во едно интервју за македонската телевизија изјави дека според правилата на продукцијата и да знае не би можел да открие дали ќе има продолжение на „Преспав“.

Но, на социјалните мрежи популарниот рецепционер од Џепчиште е доста активен каде за своите следбеници открива доста моменти од приватноста. Неодамна откри како изгледал како дете, а откри и дека има и уште двајца браќа.

фото:фејсбук

Фотографија од неговиот најмал брат се најде на неговите профили од социјалните мрежи. На едната Талат се пошегува како изгледа со брада и без неа, а од истата сите помислија дека е тој избричен, а стануваше збор за неговиот помал брат кој се уште нема брада.

фото:инстаграм

Инаку, другиот брат на Дритон е музичар, за кој популарниот актер вели дека му ја всадил љубовта кон музиката, а постојано знае да помине време со него во студио.

Дали ќе ја имаше честа да ги гледаме Талат и компанија во четврта сезона, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева