Откако се појави првпат на сцената, за Катарина Грујиќ често се пишува, како за професионалниот така и за приватниот живот.
По речиси еднагодишна врска популарната пејчка Катарина Грујиќ неодамна раскина со своето момче, црногорскиот бизнисмен Коста Обрадовиќ.
„Единствена причина поради која се разделивме е тоа што се дистанциравме и моравме да ја прекинаме таа врска. Нема никакво изневерување, како што пренесуваат медиумите. Ве молам да ме оставите на мира. Не сакам да ми се мешаат во приватниот живот и да пишуваат разни глупости“, изјави Каќа за Премиера.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.