Радио Милева
Скриена страст

Конечно на врвот: Оваа македонска водителка го освои Балканот! (ФОТО)

Конечно на врвот: Оваа македонска водителка го освои Балканот! (ФОТО)

Таа важи за една од нашите најдобри, најискусни, но и најубави и најзгодни ТВ водителки. Дете на јавниот сервис, уште од првиот ден на постоењето на тогашниот Канал 3. Оттогаш наваму, постојано присутна во македонскиот телевизиски етер. До душа со мали паузи и на различни ТВ фреквенции, ама сепак неизбежно ја има. Во различни програми, емисии, шоу програми, квизови… и многу други нешта што телевизискиот екран преку својата богата понуда го нуди… И не само тој.

Последниве години речеиси да нема фестивал, манифестација, промоција, презентација, настан, збиднување… без неа. Без таа да биде зад микрофонот како домаќин, водител, најавувач, презентер, промотер… на истото.

Оние што ја познаваат одблизу, знаат дека водителката има и една друга, поинаква, скриена страст. Оддамна ја освои Македонија, ама неодамна го освои и Балканот. Конечно по толку години го допре и тој врв!

Неее… ако мислите дека е во прашање телевизиската кариера, не сте во право. Таму таа оддамна го допрела врвот во својата професија. Овде се работи за нешто друго… За скриена страст кон природата и природните убавини. Страста кон планинарењето која на Ирена последниве години и е „нова љубов“.

Имено, македонската водителка Ирена Спировска  сподели неколку фотографии на „Инстаграм“, од тоа како се подготвува, па се’ до тоа дека е подготвена да го освои највисокиот врв на Балканот.

И во тоа успеа… Водителката успеала да го фотографира дури и изгрејсонцето на Мусала – највисокиот врв на Балканот кој е на надморска височина од 2925 метри.

Вчера Љуботен, Титов Врв, Кожув, Кораб… денес Мусала, а можеби веќе утре, Ирена на Алпите, Килиманџаро, Еверест… Кој да знае?

 

Останати вести од Радио Милева