Мегафон

Концертот на Божо Вреќо во Скопје е откажан

Концертот на Божо Вреќо во Скопје е откажан

Компанијата „Чујте и почујте“ ја известува публиката дека концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Македонската филхармонијата во Скопје, е откажан поради „технички причини“.

Организаторот изразува жалење за откажувањето на настанот и ги повикува сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе бидете информирани за новиот датум. Ви благодариме за разбирањето – порачуваат организаторите.