Мегафон

Концерт во Македонска филхармонија со солисти: Омаж на маестро Александар Џамбазов

Концерт во Македонска филхармонија со солисти: Омаж на маестро Александар Џамбазов
Четврток, 3-ти ноември 2022 година, во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот  посветен на генијалниот македонски композитор и диригент,  наречен “Омаж на маестро Александар Џамбазов”.
Сите средства од продажбата на билетите ќе оди на сметката на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабет на Македонија.
Диригент: Џијан Емин
Солисти: Елена Атанасовска – Ивановска – пијано
Иво Настевски – пијано
Вокални солисти: Тамара Тодевска, Александар Тарабунов, Никола Перевски – Пере, Антониа Гиговска
Програма:
СЕДУМ ТАНЦОВИ ВАРИЈАЦИИ за пијано и симфониски оркестар (1977)
Солист: Елена Атанасовска-Ивановска – пијано
ОХРИД И ЈАС за вокал и ревиски оркестар (1970)
Вокал: Антониа Гиговска
ЉУБОВ НЕВЕРНА за вокал и ревиски оркестар (1970)
Вокал: Александар Тарабунов
РАПСОДИЈА ЗА СКОПЈЕ за пијано и симфониски оркестар (1966)
Солист: Иво Настевски – пијано
РЕМИНИСЦЕНЦИЈА за ревиски оркестар (1987)
ЈУГО САУНД за ревиски оркестар (1984)
БАЛАДА ЗА ШПАТО за ревиски оркестар (1987)
МАРЦИАЛЕ МАЛИГАНО за ревиски оркестар
САМО ТИ за вокал и ревиски оркестар (1971)
Вокал: Никола Перевски – Пере
ДОВИДУВАЊЕ за вокал и ревиски оркестар (1969)
Вокал: Тамара Тодевска
Концертот е во рамки на програмата на „45. ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА“.