Мегафон

Концерт на тенорот Влатко Груевски на „Десет дена Крушевска Република“

Концерт на тенорот Влатко Груевски на „Десет дена Крушевска Република“

На програмата на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ вечер од 21 часот на летната сцена кај музејот на НОБ на Гумење во Крушево концерт ќе одржи Влатко Груевски со својот соработник Андреј Наунов.

За тенорот Влатко Груевски оваа 2022 година е јубилејна и концертот во Крушево е насловен „10 години со вас“.

Синоќа, во рамките на манифестацијата се одржа фестивалот за деца „Весели ѕвончиња“, а во тек е изложба на Зоран Кардула – „Star Wars & Makedonium Exhibition“, отворена на 4 август.

Утревечер од 20:30 часот ќе биде изведена монодрамата „Женска утопија“, а на 10 август, на затворањето на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе настапат Дац и Александар. Настаните се на летната сцена кај музејот на НОБ на Гумење во Крушево.

Извор:Мак Прес