Мегафон

Концерт на „Танец“ на Скопско лето 2022

Концерт на „Танец“ на Скопско лето 2022

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер ќе одржи вокално инструментален концерт во Сули-ан во рамки на фестивалот Скопско лето 2022.

Годинашното 43-то издание на фестивалот „Скопско лето“ започна на 21 јуни со концертот на Европскиот креативен оркестар при Институтот ФАМЕ’С.

Програмата на фестивалот предвидува 30 настани, а најзастапена е музиката. Исто така има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но има и богат избор на меѓународни програми.

Извор:МакПресс