Мегафон

Концерт на Македонската филхармонија: „Зимски соништа“ под диригенство на Конрад ван Алфен од Холандија

Концерт на Македонската филхармонија: „Зимски соништа“ под диригенство на Конрад ван Алфен од Холандија

Оркестарот на Македонската филхармонија овој четврток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 (транскрипција од Kонцертот за виолончело) од Едвард Елгар и Симфонијата бр.1  „Зимски соништа“ од П.И.Чајковски.

Првата симфонија на Чајковски е едно од најзначајните дела во симфониската приказна на 19 век, оригинална во секој контекст, различна од се што било напишано пред неа. Со неа го маркирал тлото на кое потоа ќе ги трасираи останатите негови симфониски дела, во кои ќе продолжи да ги тестира границите на оркестарскиот звук. Покрај исклучителното место кое го има во историјата на музиката, таа, оедно, е и една од најмаркатни први симфонии напишани некогаш. „Зимска приказна“ е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор со која на фантастичен начин го најавил својот потентен оркестарски опус.