Мегафон

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети на малата сцена во МОБ

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети на малата сцена во МОБ

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Македонската опера и балет, в среда на 21 септември, со почеток во 20 часот.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.
Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко Биџовски.

Останати вести од Мегафон