Живот и Стил

Колку чини одмор на егзотичните дестинации кои речиси сите барем еднаш сакаме да ги посетиме?

Колку чини одмор на егзотичните дестинации кои речиси сите барем еднаш сакаме да ги посетиме?

Далечните дестинации нудат можност за уживање и се сметаат за вистинска егзотика и идеални се за бегство на одмор.

Доминиканска Република

Белите песочни плажи, идеалната температура на морето и воздухот кои не се разликуваат многу, како и ексклузивно сместените објекти, се основните карактеристики на овие дестинации.

Пакет аранжман од седум ноќи и all inclusive услуга, со авионски превоз се движи меѓу 1.500 и 1.700 евра. Моментално најскапиот аранжман за оваа дестинација изнесува повеќе од 2.500 евра.

Малдиви

Групата острови кои се наоѓаат во Индискиот океан е една од најпознатите егзотични дестинации. Во најмалата земја на површината на Азија се наоѓаат бројни корални острови од кои некои се наоѓаат на надморска висина пониска од еден метар, па поради тоа Малдивите се сметаат и за најниска земја на светот.

Цените за аранжманите за Малдивите се движат од 1.500 до 2.100 евра. Во цената освен авионска карта има и такси превоз, со потребните трансфери, пресметано за седум ноќевања на база на полупансион во избран хотел. Ексклузивните сместувања во рамките на таквите пакети аранжмани можат да чинат и повеќе од 7.000 евра.

Сејшели

Над 100-на острови во Индискиот океан го сочинуваат Сејшелскиот архипелаг. Освен по тиркизното море и плажите покриени со бел песок, Сејшели се познати и по црните карпи.

Цените за пакет-аранжман се движат од околу 930 евра по лице до повеќе од 1.550 евра. Цените се базирани на седум ноќевања со појадок.

Во зависност од изборот на сместувањето се предвидува и можност за доплата за услуга на полупансион во износ од околу 150 до околу 260 евра.

извор: точка.мк