Радио Милева
не се задевај, кај што не ти е место...

Колега јавно ја прозва ТВ водителката, а Јована Јеремиќ му возврати во свој стил: „Подобро разбуди се, зашто јас сум ноќен кошмар што не поминува“ (ФОТО)

Колега јавно ја прозва ТВ водителката, а Јована Јеремиќ му возврати во свој стил: „Подобро разбуди се, зашто јас сум ноќен кошмар што не поминува“ (ФОТО)

Црногорскиот водител Божо Добриша беше гостин во „Амиџи шоу“ кај колегата Огњен Амиџиќ.

Во „квиз играта“, му беше поставено незгодно прашање за колегите од јавната сцена, а тој ги изненади сите со својот одговор.

„Именувајте го лицето со чиј отказ би бил среќен или доколку неговата кариера пропадне“ – гласеше прашањето.

Божо Добриша одговори дека му се допаѓа доколу пропадне кариерата на ТВ водителката Јована Јеремиќ.

„Актуелна е и за неа се зборува, па нека биде тоа Јована Јеремиќ. Можеби поради тој стан што го добила за трансферот… Еве, кога веќе имаме некого, полесно е“,  – рече тој во емисијата „Амџи шоу“.

Веднаш потоа, Јована Јеремиќ се огласи, па му одговори на колегата Божо Добриша во свој стил:

„Не знам кој е Божо, тој има право така да мисли и посакува. Но, желбите се едно, а реалноста е друго. Сепак, морам да го растажам, јас сум ноќен кошмар што не поминува. Затоа, подобро е да се разбуди од сонот што е можно поскоро. За него ќе биде повеќе лековито и помалку трауматично“ – му возврати  Јована Јеремиќ.

Фото: Јутјуб/Ами Џи шоу и Инстаграм принтскрин/jovanajeremicmilosevic

Останати вести од Радио Милева