Радио Милева
убавици

Која од која е поубава: Мими Јовановска за првпат ја покажа сестра си (фото)

Која од која е поубава: Мими Јовановска за првпат ја покажа сестра си (фото)

Младата талентирана пејачка од Велес, Мими Јовановска стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, кога Мими првпат се појави на сцената во „Гранд“, жирито не беше баш воодушевено, но Џенан Лончаревиќ прифати да биде нејзин ментор, па Мими во секој круг беше се подобра и подобра.

Таа посебно воодушеви кога отпеја песна од Уснија Реџепова, па жирито стана на нозе и ја пофали дека така се пее.

Мими од круг во круг беше се подобра, но испадна пред финалето.

Во една прилика, таа истакна дека нејзината мајка ја пријавила за музичкото шоу.

Велешанката е активна и на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии од себе, или да отпее некој популарна песна.

Кога пак станува збор за приватниот живот, таа не сака многу да зборува. Во една прилика, откри дека е во врска со Филип Нуне со кој е заедно повеќе од 3 години.

Сепак, овој пат младата пејачка на „Инстаграм стори“ ја покажа си сестра си Марија Јовановска

Двете сестри нашминкани, средни, дотерани, заедно позираа пред објективот на камерата. Сигурно во директни пораки добиле еден куп позитивни коментари за нивниот изглед.

„Сестра“, напиша покрај објавата.

Инаку, Јовановска неодамна го прослави својот 21 роденден.

Дали пејачката ќе се пријави за следната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, остнаува да видиме.

фото: инстаграм/мими јовановска

Останати вести од Радио Милева