Љубов и Секс

Која е најчудната работа што ве „пали“?

Која е најчудната работа што ве „пали“?

Корисник на Reddit ги праша луѓето на оваа социјална мрежа што е најчудното нешто што ги „пали“, па доби прилично несекојдневни одговори.

Она што ја потпалува нашата сексуална фантазија и го поттикнува либидото е интимна и лична работа за секој од нас. Сѐ додека она што ве пали и двајцата го правите со заемна согласност, немате гајле!

Ова се само дел од одговорите на корисниците на Reddit

„Шарени чорапи. Не знам зошто, но кога гледам девојка која носи супер чудни, шарени чорапи, особено ако се распар, тоа ми се пали“.

„Колку поисцрпено изгледа мажот, толку ми е позгоден.“

„Ова е прилично специфично, но мојот дечко неодамна ја избричи брадата и само остави мустаќи. Сега за мене е уште посекси.“

„Непрактично долги нокти, џвакање мастика додека чита списание…“

„Ме пали кога некој ќе може да направи добра Excel табела.“

„Кога дечко ми ќе излезе од туш и ќе го тргне пешкирот што го носел на главата. Често имаме секс откако ќе се истушира“.

„Мојот сопруг купи пижами со дезен со мечки и веднаш се запрашав зошто ми беше толку привлечен во нив. Мисли дека е чудно, но ги носи секој пат кога ќе го замолам.“

„Стандардни црни Vans патики на жени. Особено ако седат со скрстени нозе. Патиките Vans и Convers се супер привлечни за мене.“

„Кога мажот става или вади ремен“.

„Ме пали кога девојка дома има растенија за кои се грижи.“

„Пазуви. Кога девојката ги крева рацете над глава. Го сакам тоа. Немам идеја зошто.“

„Кога мажите враќаат во рикверц и ќе ја стават едната рака на задниот дел од совозачкото седиште.“

„Од некоја непозната причина, ме привлекуваат луѓе кои се леваци.“

„Сакам лузни. Секоја има своја приказна.“

„Ако ми испече леб со лук, ќе се возбудам“.

Која несекојдневна работа ве пали вас?

извор: Кајгана