Радио Милева

Која е мајка, а која ќерка? Сите мислат дека се сестри! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Која е мајка, а која ќерка? Сите мислат дека се сестри! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Шерил и Лорен Мадсен се мајка и ќерка кои станаа апсолутен хит на Инстаграм поради нивниот изглед. Покрај тоа што и двете се згодн и убави, тешко кој може да одреди која е мајка, а која ќерка… сите мислат дека се две сестри.

Шерил има 41 година, нејзината ќерка има 20 години и изгледаат речиси идентично.

Младата мајка е воодушевена од позитивните коментари за нејзиниот изглед, а заслугата за таквиот изглед ја припишува на правилната исхрана и редовниот и напорен тренинг, пренесува британски „Сан“.

Таа работи како личен тренер во последните две години и нагласува дека нејзината цел е да ги мотивира и да им помогне на другите жени да се грижат за својот физички изглед и да бидат „најдобрата верзија за себе“.

– Станувам во 5 наутро за да вежбам пет пати неделно. Сега им помагам на другите жени со програма за вежбање со тегови, бидејќи и јас сум личен тренер. Фитнесот не значи дека поминуваме часови на неблагодарна работа и јадеме само салати … Јадам балансирана исхрана и пијам малку за време на викендите, вели згодната мајка Шерил.

Оваа популарна „Инста-мама“ нагласи дека споменатата социјална мрежа ја имала пред својата ќерка, но дека нејзиниот профил доживеал голем „бум“ дури откако нејзината ќерка Лорен го отворила својот профил, а подоцна почнале да ги објавуваат и нивните заеднички фотографии.

– Многумина не можат да поверуваат дека сум мајка на Лорена. Секогаш се во шок и мислат дека сме сестри. Убаво е чувството да се слушне дека изгледам млада. Лорен дефинитивно ми помага да го одржам младешкиот изглед бидејќи ми ги дава најдобрите модни совети и ми покажува каква козметика треба да купам, додава Шерил.

Лорен исто така секојдневно добива комплименти од своите следбеници, сите во нејзините коментари ја фалат нејзината „сестра“ Шерил, а таа истакнува дека нејзината ќерка е нејзината најдобра пријателка и дека дури делат и гардероба.

Останати вести од Радио Милева