Љубов и Секс

Која е формулата за среќен и успешен брак?

Која е формулата за среќен и успешен брак?

Има многу знаци кои укажуваат на тоа дека имате добар маж – тоа е маж кој ви помага кога сте тажни, се труди да ве усреќи, ги слуша вашите проблеми, сака да ви ги исполни соништата. Вие знаете дека може да му верувате, го сакате и ви е најголема поддршка.

Но, тој е личноста која со вас може да ги сподели и своите маани, односно грешките кои ќе ги правите во текот на животот бидејќи никој не е совршен.

Стручњаците се согласуваат дека добрата комуникација е клучна за секој успешен брак. Тука се подразбира разговор за убавите работи во животот, но и за разочарувањата, неуспехот, поразот.

Добрите мажи и жени меѓусебно си ги признаваат грешките, очекуваат разбирање за своите постапки, но и бараат решенија за да не ги повторат истите грешки.

Тие знаат дека не се совршени и не се однесуваат арогантно кога знаат дека не се во право. Кога партнерот има поинакво мислење од нив, тие ќе го сослушаат и ќе го ценат нивното мислење дури и кога не се согласуваат со него. Најважно е што не се плашат да побараат помош од психолог.

Кога ќе ви се расипе автомобилот, го носите на сервис. Кога ќе имате проблеми во врската, дали треба веднаш да се откажете или да разговарате за да го решите проблемот?

извор: кајгана