Радио Милева
Кирил или Калашников?

Кога водителот ќе подетини: Димитар Атанасовски си играше „Tactical Shooting Predator“ по дома со синчето, само што малечкиот го користеше како… оружје! (ВИДЕО)

Кога водителот ќе подетини: Димитар Атанасовски си играше „Tactical Shooting Predator“  по дома со синчето, само што малечкиот го користеше како… оружје! (ВИДЕО)

Кон крајот на месец јули годинава (2022) пејечката и харфистка Сара Мејс и водителот и маркетинг директор Димитар Атанасовски станаа родители по вторпат.

Нивното семејство стана побогато со доаѓањето на свет на бебето кое до доби името Кирил. Убавата вест ја сподели гордиот татко кој во прилог со првата фотографија од синот напиша:

„Добредојде Кирил, јунак наш“.

И како да беше пророк, зашто Кирил навистина се покажа како јунак. И тоа најмногу кога е во рацете на неговиот татко, а еве и зошто!

Кога си татко на две дечиња домашните обврски вклучувајќи ги и оние родителските се мултиплицираат, па кога на тоа ќе се надодаде работата, за себе време речиси и да не останува. Некому тоа му е нормално и лесно го поднесува, ама оние што имаат пожив темперамент, младешки дух и скриено дете во себе, одвреме – навреме знаат да „одлепат“. Едноставно детето во нив почнува да се бунтува, барајќи да се изнаигра, па без оглед на возраста, желбата и страста ја надвадуваат паметта и ете ти „игри без граници“ во зрели години!

Токму тоа му се случи на Димитар,  па водителот не можејќи да најде време за себе, решил да спои „убаво и корисно“, арно ама на најнеобичен начин. Во сопствената игра или поточно симулација на некои „воени игри и вештини“ како „Пеинт бол“, „Кантер страјк“ или најточно кажано „Tactical Shooting Predator“ на пример,  решил да го вклучи и синчето… Само што малиот Кирил во неговите раце го искористил како мошне необичен сојузник… Или попрецизно, како оружје!

Симулирајќи движења и потези од некои од „воеите игри“ малечкиот го претворил во автоматска пушка, „пукајќи“ со него по станот… Потоа со право многумина се  запрашаа: „Ова е Кирил или Калаш(ников)?“

Сето ова некој(а) го овековичил(а) на видео, а водителот кадрите од својата „воена вежба по дома“ ги споделил на Инстаграм со „оправдание“:

„Кога не те пуштаат да идеш на тренинг со @tacticalshootingpredator , ќе вежбаш по дома“!

Коментарите, особено оние од пријателите, меѓу кои повеќето познати личности, иако различни, сите насочени кон една цел – водителот.

А тој мета на критики… Воглавно шеговити, ама сепак… заклучокот единствен: Друг пат подобро пуштете го „да се испука“ на друго место… Од сите „оружја“, по сите основи!

Фото: Инстаграм принтскрин/dimitaratanasovski_

 

Останати вести од Радио Милева