Радио Милева
празничната магија ги обедини...

Кога твојата сегашна ќе се здружи со бившите за сите заедно да ти ја разубават новогодишната ноќ, тогаш мора да си навистина многу добар… како „Бекстејџ“!

Кога твојата сегашна ќе се здружи со бившите за сите заедно да ти ја разубават новогодишната ноќ, тогаш мора да си навистина многу добар… како „Бекстејџ“!

Вистина е дека времето не може да се врати, но затоа можат да се вратат спомените, да се навратите на некои стари места, ситуации, луѓе, блиски или подалечни… Па дури можете да ги вратите ли да им се навратите дури и на бившите… Љубови, пријатели, соседи, колеги…

Е токму тоа се случи овој пат. Кога твојата сегашна ќе се здружи со бившите за сите заедно да ти ја разубават новогодишната ноќ, тогаш мора да си навистина многу добар и голем… Не, не фраер, туку  телевизиски производ кој важи за најгледан во својот жанр. Како „ТВ магазинот од зад сцената“, кој со години наназад ви ги носи дома најинтересните, најважните, највозбудливите, најпривлечните… естрадни и не амо естрадни лица, настани, случки, збиднувања… Со еден збор, ако сегашната и бившите водителки ти се подеднакво верни, мора да си…   „Бекстејџ“!

Токму тоа го покажа екипата на најгледаниот ТВ магазин од зад сцената, кој меѓу останатите содржини собра дел од некогашните свои „први дами“, главни ТВ лица од екранот кои ги водеа гледачите низ неговите содржини, па некогашните и сегашната актуелна ТВ хостеса ја збогатија понудата во новогодишното издание на „Бекстејџ“. 

„Вистина е дека времето не може да се врати, но затоа ние можеме да ги вратиме поранешните водителки на Бекстејџ и тоа во новогодишната емисија на 31.12.2021.  Миа Костова, Снеже Велков, Мартина Михајловска, Барбара Ракичевиќ и Анѓела Јакимовска ќе се дружат со вас на новогодишната ноќ.

Ова е само мал дел од изненадувањата кои ги подготвивме за вас“ – напишале под една од споделентие заеднички фотографии на атрактивните ТВ убавици, кои не само што ќе се дружат со Вас и ќе ве забавуваат  и информираат во највеселата ноќ  од 20 часот на ТВ Телма, туку и одлично се дружеа и забавуваа и меѓусебе.

Што тоа како забавни содржини и дружење ќе ви понудат атрактивните ТВ водителки од „магазинот зад сцената“ за највеселата ноќ, сепак ќе мора да погледнете самите. Кога сте во друштво на вакви убавици, верувајте дека нема никако да ви биде здодевно…  Празничната магија го обедини целиот поранешен тим, кој го чека вашето присуство пред ТВ екраните и за Нова Година.  Затоа бидете со нив и во новогодишната ноќ и нема да зажалите!

 

 

Останати вести од Радио Милева