Радио Милева

Кога тој пее, кожата ти се ежи, те гали, расплакува: Погодувате ли кој македонски пејач е ова слатко детенце (фото)

Кога тој пее, кожата ти се ежи, те гали, расплакува: Погодувате ли кој македонски пејач е ова слатко детенце (фото)
фото:инсатграм

Преку шоу за млади таленти почна да го трасира својот пат кон македонското музичко небо, а денес со многу отпеани хитови од неговиот славејски глас, тој стана еден од најдобрите наши пејачи на забавната музичка сцена.

Можеби веќе погодувате… Да, станува збор за Влатко Лозаноски кој уште како мало дете знаел дека музиката ќе биде негов животен пат.

Влатко често знае да се присети на детството, и тоа на различна возраст. Од времето кога бил во рацете на мама и тато, кога свирел хармоника… сите овие моменти од детството ги има на негиот профил на социјалните мрежи.

Наскоро тој ќе го реализира еден од своите сонови, односно ќе го има својот голем концерт во Вип арената „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи на 23-ти март.

 

View this post on Instagram

 

ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЛОЗАНО ВО СКОПЈЕ! Драги пријатели, Големо задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот следен проект. После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот. Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро (13-ти февруари) во 09 часот преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории: ПАРТЕР- 500 денари ФАН ПИТ- 800 денари ТРИБИНИ- 700 денари SILVER SEATS- 800 денари GOLDEN SEATS- 900 денари ВИП- 1.000 денари „Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место. Одиме понатаму, @avalon.produkcija

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on


Дојде време Лозано да испише нова страница во својата кариера со која ќе се гордее како и со сите свои музички успеси досега.

 

Останати вести од Радио Милева