Промотер

Кога сенките ќе почнат да танцуваат, Андријана Јаневска никој така не може да ја придвижи – „Као ти“ (АУДИО)

Кога сенките ќе почнат да танцуваат, Андријана Јаневска никој така не може да ја придвижи – „Као ти“ (АУДИО)

Андријана Јаневска е една од оние македонски муззчки уметници која својта креативност, умешност и знаење ја рапределила на неколку полиња во музика. Класиката, како виолинист и музички педагог, поп пејачка на забавни песни и стилизирањето на македонскиот фолклор во комплот со други врвни македонски музичари собрани во еден бенд.

Така, по нејзините последни проекти како што беше ланската соработка со кларинетистот Благојче Трајковски во темата „Трепет“ композиција создавана во духот на класичната музика, но со елементи од македонската староградска музичка традиција или нејзината авторска песна „Летај“ посветена на нејзината покојна мајка Нада, објавена за нејзиниот роденден во последните денови на 2020-та, Андријана сега одново се појавува со нов проект.

И одново во прашање е интресна соработка со друг автор,  композиторот и продуцент Matt Bantle на чија покана пејачката ја остварува соработката.

Песната Јаневска ја пее на хрватски јазик и носи наслов „Као ти“… Направена е како своевиден микс на медитаранско- хрватски техно-поп манир во кој покрај модерниот звук изборот на бои и ритамот кој вози, доминира моќниот и прецизен, а толку нежен и суптилен вокал на Андријана, чиј хрватски акцент совршено и прилега, како да е родена Хрватка, а не Македонка. Темата звучи прилично хитовски и има потенцијал да биде радиски хит, па слободно може да се врти на радиостаниците во радиоетерот не само во Хрватска, туку и во целиот регион.

Како звучи Андријана Јаневска и нејзината соработка со Matt Bantle во темата „Као ти“, преслушајте во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): 

Останати вести од Промотер