Радио Милева
минско поле

Кога не знаете од каде да почнете: Послушајте го вредниот совет на Деа за да не доживеете нервен слом од домашниот лом (фото) 

Кога не знаете од каде да почнете: Послушајте го вредниот совет на Деа за да не доживеете нервен слом од домашниот лом (фото) 

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска која е мајка на две малолетни деца докажа дека е вредна мама многупати досега споделувајќи на социјалните мрежи по некоја интересна приказна.

Таа овој пат на кусите видеа сподели совет како да се „отарасите од расфрланите играчки од вашите деца кои направиле хаос во домот и ви го кренале притисокот.

За да не биде тоа така Деа има златно правило како да го средите домот кога сте со „палавковците“: Наместо 200 ќе им дадете 2.

– Наместо да им дадеш 200 играчки пробај со 2! – напиша таа во описот на видеото во кое растревожената мајка, хистерично се држи за главата и не знае од каде да почне, иако се што прави во домот е постојано чистење, а изгледа како минско поле.

Деа, која е секогаш реална и веќе доволно искусна мајка, веројатно веќе го има испробан тој лек против ваков несакан ефект од секој аспект, па за помалку фрустрации и комплекси послушајте ги нејзините совети и сите порази во домот можеби ќе бидат заборавени. Епа… Среќно!

Фото: Инстаграм принтскрин/anastasiia_dea

 

Останати вести од Радио Милева