Радио Милева
Хит на Интернет

„Кога јазикот ти е побрз од умот“: Еден момент од Мет Гала го прегледаа над седум милиони – еве зошто… (видео)

„Кога јазикот ти е побрз од умот“: Еден момент од Мет Гала го прегледаа над седум милиони – еве зошто… (видео)

Долгоочекуваниот моден настан Мет Гала, освен по гламурозната тема и некои модни промашувања, ќе остане запаметен и по една убава сцена која од моментот на снимањето не престана да кружи на Интернет.

Иако малку непријатно за главните актери, за другите се случи многу убав момент помеѓу Американката Ема Чембрлејн и раперот Џек Харлоу.

20-годишната дописничка на Vogue на црвениот тепих била задолжена за интервјуирање на луѓето кои пристигнуваат во нивните „позлатени“ модни изданија – темата на овогодишниот гала настан, а еден од нив бил и Харлоу.

24-годишникот од Кентаки се појавил во Мет Гала во темно кафеав костум од Живанши, а двајцата набрзо размениле неколку зборови.

Сепак, публиката особено ја привлекло завршувањето на едноминутното интервју, кога Чембрлејн му вели на Харлоу „се гледаме таму“.

Харлоу на тоа одговара: „Едвај чекам, те сакам, чао“, на што таа брзо возвраќа со „Те сакам“. Ема во еден миг сфатила што се случило – дека води многу неврзан разговор пред камерите, што ѝ предизвикало мала непријатност, но и симпатична насмевка што ја забележале камерите.

Набрзо овој момент почна да кружи на Интернет и веќе го погледнале над 7 милиони корисници, а има и голем број коментари.

„Некој да ми помогне, буквално не можам да престанам да се смеам. Ја сакам“, гласи еден од коментарите.

„Кога јазикот ти е побрз од умот, но ти е простено затоа што си толку сладок“, коментирал некој друг.

Инаку, Ема и Џек се релативно нови во светот на модата, но ова не е првпат да се појават на овој настан.

фото:Твитер принтскрин

Останати вести од Радио Милева