Радио Милева
изгледа за 10-ка

Ќерката на Здравко Чолиќ во црвено елегантно издание изгледа како милион долари, а деколтето падна во прв план (фото)

Ќерката на Здравко Чолиќ во црвено елегантно издание изгледа како милион долари, а деколтето падна во прв план (фото)

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ е активна на социјалните мрежи и често знае да сподели провокативни фотографии.

Овојпат, Уна се одлучи за црвена тоалета, но она што многумина го забележаа е горниот дел од фустанот кој имаше облик на корсет, па нејзиното бујно деколте дојде до израз.

Нејзините следбеници ја опсипаа со коментари.

„Совршенство без мана“, „Преубава си“, „Кукло моја“, „Добро ти стои тој црвен фустан“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

Да потсетиме, Чола во една прилика призна дека не му пречи што неговата ќерка накратко му ја „украла“ славата и открива дека дури и таа има свои обожаватели, но дека и двајцата наследници ги обожаваат неговите песни.

– Уна сега е попопуларна од мене.Таа има свои обожаватели… Шега на страна, се е добро, нека биде.Но, мојата друга ќерка Лара всушност ме воодушеви бидејќи ги знае моите песни – изјави Чола.

фото: инстаграм/уна чолиќ

Останати вести од Радио Милева