Радио Милева
негуваат иста љубов

Ќерката на Панчеви и Елена Петреска во ист фустан: Длабоко деколте и ретка секси глетка (фото)

Ќерката на Панчеви и Елена Петреска во ист фустан: Длабоко деколте и ретка секси глетка (фото)

Стилот и модниот избор се индивидуална и работа на вкус, така што за некои парчиња воопшто не се важни годините на тој што ги носи, особено доколку парчето е безвременско и прилега на тој што го носи.

Еден таков пример е тренди црн фустан со впечатливо деколте кое периодов го облекоа пејачката Елена Петреска и ќерката на Маја и Дарко Панчеви, Марија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mauve (@___mauve____)

Неодамна пишувавме за модните аспирации на Марија која се појави како модел за женска облека на една онлајн продавница, а истиот фустан претходно го видовме и на Петреска.

Имено, Елена и Марија негуваат иста љубов кон парчињата гардероба што ги промовираат, носат и им сугерураат на следбеничките за истите.

Ако на српската естрада настанува војна на социјалните мрежи кога некоја пејачка или водителка ќе се појави во ист модел како другата, кај нас ова е реткост, па и кога се случува изгледа симпатично.

Во случајов, моделот и кај двете совршено прилега, така што може само да биде добра реклама за уште повеќе да се актуелизира истиот. Во денешно време актуелно е бујно деколте, но и вака природно и ненаметливо изгледа привлечно и е ретка глетка.

фото: Инстаграм/Vsco.co/Елена Петреска/Марија Панчева

Останати вести од Радио Милева