Радио Милева
кај неа силиконите се вишок...

Ќерката на Ѓоле Ѓогани и Слаѓа, природно надарена со телесна граѓа: Силвија е бујно „товарена“ како речна лаѓа (ФОТО)

Ќерката на Ѓоле Ѓогани и Слаѓа, природно надарена со телесна граѓа: Силвија е бујно „товарена“ како речна лаѓа (ФОТО)

Пејачката Силвија Ѓогани направи хаос на социјалните мрежи со своите бујни облини. Имено, ќерката на Слаѓа Делибашиќ и Ѓоле Ѓогани на Инстаграм сподели фотографија на која позира во црвено латекс здолниште со црн корсет, во кој нејзината бујна предница дојде до израз, предизвикувајќи им на мажите вртоглавица…

„Ах, каква бомба“, „Кога ќе го наследиш најдоброто“, „Дали се вистински гради или силикони?“, „Очите ми испаднаа“, „Гориш мачко“… се само дел од долгата низа коментари.

Силвија Ѓогани веќе некое време се занимава со музика. Таа сними неколку песни, а потоа се повлече од медиумите. Роди ќерка, на која и се посвети во приватниот живот, а што се однесува до работата, таа се занимава со она за што и учела.

Имено, Силвија завршила училиште за воспитувачка, а тоа и го работи – како воспитувачка во приватната градинка на нејзината мајка Слаѓа. Тоа со што мајката природа ја надарила, најдобро се гледа на следната фотографија, каде Силвија е сликана заедно со нејзината маќеа, Весна. 

Да потсетиме, Ѓоле Ѓогани, најстариот брат и основач на танчарската група Ѓогани, има четири деца. Од првиот брак со поранешната сопруга Слаѓана Делибашиќ има две ќерки, Силвија и Маринела, а во сегашниот брак со Весна Ѓогани синот Адријан и ќерката Лаура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silvia Djogani (@djoganisilvia)

Фото: Инстаграм принтскрин/djoganisilvia

Останати вести од Радио Милева