Северина Вучковиќ пред 11 години го сними еден од најголемите хитови во кариерата „Град без луѓе“, а сега е откриено дека песната е напишана според животот на најголемата фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Имено, Милош Рогановиќ, кој е потпишан како автор на текстот на споменатата песна, бил инспириран од животот на Цеца и сите неволји со кои се соочила.
View this post on Instagram
Песната е напишана специјално за Цеца, но поради други околности заврши кај Северина.
Имено, Северина отворено им кажала на авторите на песната дека сака да плати двојно повеќе од Цеца и дека песната мора да заврши со неа, иако е напишана за Ражнатовиќ, па на крај така и се случило.
фото:Инстаграм/Курир.рс/Дамир Дервишагиќ
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.