Радио Милева
Расчистија

Ким и Канје постигнаа договор: Раперот ќе мора да плаќа 200 илјади долари месечно

Ким и Канје постигнаа договор: Раперот ќе мора да плаќа 200 илјади долари месечно

Ким Кардашијан и Канје Вест постигнале спогодба за нивниот развод, според судските документи поднесени во Лос Анџелес.

Поранешниот пар ќе има заедничко старателство над нивните четири деца, на возраст од три до девет години.

Вест, кој законски го смени своето име во Џе, ќе и плаќа на Ким 200.000 долари месечно за издршка на децата и тие ќе ги делат трошоците за приватната нега на нивните деца, приватното школување и универзитетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ниту еден од нив нема да плаќа издршка на другиот брачен другар, а секој ќе си ги плаќа своите долгови.
Судските документи поднесени во вторникот побараа од судијата да ги одобри условите, кои беа договорени од поранешната двојка.

Вест и Кардашијан (42) имаа предбрачен договор и главно ги чуваа своите средства одвоени.
Двојката се венча пред осум години во ренесансната тврдина во италијанскиот град Фиренца во 2014 година. Кардашијан поднесе барање за развод пред речиси една година.

фото:Tanjug/AP/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева