Промотер

Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО)

Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО)

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“.

Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната.

Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка.

„Калиопи ја обожувам. Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно и бело“,„Дали ме сакаш“… но, не знаев дека „Лео“ е првиот успешен сејугословенски хит, како што ја нарекуваат песната“ – појаснува Кики, велејќи дека авторите дале зелено светло за да се преработи песната иако оригиналната матрица ја немало, па Александар Митевски морал да усними се од почеток.

Како звучи кога Кики пее за „Лео“ , проследете од видеото во продолжение:

Останати вести од Промотер