Радио Милева
брутална

Кија Коцкар: „Мојот сопруг имаше с*кс во туш кабина во која после се туширав“, а еве што вели дали повторно би влегла во реално шоу

Кија Коцкар: „Мојот сопруг имаше с*кс во туш кабина во која после се туширав“, а еве што вели дали повторно би влегла во реално шоу

Кристина Кија Коцкар не се појавува во медиумите, но сега преговори за актуелните теми.

Имено, Коцкар проговори за нејзиниот стан во Турција, за враќањето во реално шоу, за разводот од Слоба Радановиќ….

Кија неодамна купи стан во Турција и сега откри како успеала да инвестира во недвижности во време  на корона.

„Имав заштедено пари токму за тој стан. За него знаев уште претходната година и чекав да завршам некои други работи во Белград и да бидам сигурна дека тоа за мене е вистинска инвестиција. И пресреќна сум што го купив бидејќи додека бев таму се чувствував како дома. Се ми одговара и едвај чекам да имам време и да ги однесам другарките да уживаме. Што се однесува за појавувањата во медиумите се повлеков по турнејата со Аца Лукас бидејќи работам на албумот, многу и патував, не сакав да гостувам по емисии“, вели Кија.

Кија проговори и за пријатните и непријатните ситуации на естрадата.

„Имаше преубави моменти. Концерти, песни, книги, награди, љубовта на фановите. Се се менуваше, малку на подобро, малку на полошо, таков и е животот. Што може да биде најлошо од една лага, а ги имаше милион. Тие непријатни сцени ги креира други луѓе вовлекувајќи ме и мене. Во својот приватен живот доживеав многу лоши работи, но се тоа е зад мене. Конечно, почнав да вежбам, ги отсранив негативните луѓе од својот живот и станав најдобра верзија од себе“ изјави пејачката.

Со оглед на тоа дека во секоја сезона на „Задруга“ има јавно неверство, Кија тоа го прокоментира на следниот начин:

„Ми се гади. Не ја гледам повеќе Задруга бидејќи сфатив дека е токсично за мене, само  гледам ако некој нешто ми прати за мене. Жал ми е што на телевизија покажуваат лош пример за брак. Кој поминал низ развод или раскинување, знае тоа колку боли,  посебно кога се опростуваш од некој кој најмногу го сакаш. Затоа ми се превртува желудникот кога некој ќе каже: „Па добро, сите се разведуваат, тоа е нормално. Не, не е“  изјави Коцкар.

„Мојот сопруг имаше секс на метар од мене во собата каде спиеме 30 луѓе и туш кабина во која јас после тоа се туширав. Но и тоа е зад мене, не се тоа мои дела за да се гордеам или да се срамам, така да не морам да раскажувам детали. Всушност, се тоа го напишав во мојата книга. Најлошите работи ми се случија подоцна. Можеби ќе читате во втората книга“, вели реалити учесничката.

Таа откри дали сега ви влегла во реално шоу.

„Ништо, освен парите не се мотив за реално шоу. Не верувам дека повторно ќе го доживеам најлошото искуство. Искрено, не верувам дека повторно ќе влезам во релано шоу. Помина четири години и тоа е минато“, вели Кија.

фото: александар славковиќ/рас србија/инстаграм/кија коцкар

Останати вести од Радио Милева