Радио Милева
удри по бившиот

Кија Коцкар којзнае по кој пат распали по Слоба: „Тебе не треба да те апсат туку да те хоспитализираат“

Кија Коцкар којзнае по кој пат распали по Слоба: „Тебе не треба да те апсат туку да те хоспитализираат“
фото: Принтскрин/инстаграм/кија коцкар

Пејачката Кија Коцкар повторно на социјалните мрежи се пресмета со нејзиниот поранешен сопруг Слоба Радановиќ.

Иако Слоба само сподели статус на една жена, а Кија му порача дека треба да го хоспитализираат.

„Единствено кога беше на онкологија е кога  мене ме прати таму, па дојде да ме посетиш по операцијата. Направи ли нешто? Мислиш кога Милица и јас бевме таму, па те барав на видео повик да кажеш – Чао. Тебе не треба да те апсат, треба да те хоспитализираат“, напиша Кија, а еден твитерџија и порача дека треба да го избрише постот бидејќи Слоба во една прилика ги посетил пацинетите.

фото: Принтскрин

„Нема ништо да бришам. Личноста која ги праќа луѓето на онкологија не треба да се приближи на истата, ниту на тој  начин да се правда од апсење бидејќи пееше во време на пандемија и на тој начин го загрози здравјето на луѓето“, одговори Кија.

Потсетуваме, полиција неодамна упадна на настап на Слоба Радановиќ и пејачот беше приведен.

Останати вести од Радио Милева