Радио Милева

Кети Пери обелодени дека чека девојче, а сега се шпекулира за името на бебето

Кети Пери обелодени дека чека девојче, а сега се шпекулира за името на бебето
фото: гуливер гети имагес

Кети Пери во нејзиниот спот за песната „Never Worn White“ го покажа трудничкото стомаче и откри дека е бремена.

Кети и нејзиниот партнер Орландо Блум ќе станат родители на нивното прво дете. Неодамна, пејачката на социјалните мрежи го откри и полот на бебето, односно откри дека очекува девојче.

По овие прекрасни вести, извор близок на парот откри како ќе се вика наследничката.

„Девојчето ќе се вика Ен, Прл или Хадсон“ вели добро известен  извор и наведува дека пејачката го бира името по нејзината баба.

„Нејзината баба е заслужена за тоа што Кети е денес. Фактот дека нејзината душа замина кога друга душа треба да дојде не е случајност“ вели изворот.

фото: инстаграм

Странскиот медиум „Мирор“ се обидел да стапат во контакт со пејачката, но таа не била достапна да ги прокоментира овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева