Радио Милева
потполно спремни

Кејт Мидлтон ја одбележа премиерата на филмот со елеганција и класика: Вилијам се истакна со еден детаљ

Кејт Мидлтон ја одбележа премиерата на филмот со елеганција и класика: Вилијам се истакна со еден детаљ

Црниот фустан одлично ја следеше линијата на телото на војвотката од Кембриџ.

Во Лондон синоќа се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм „Топ Ган- Маверик“, а покрај актерската легенда Том Круз, на тепихот се појавија и Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Војвотката за оваа пригода избра елегантен црн фустан со потпис на Роланд Мареј, а белиот појас на нејзините откриени раменици ја направи оваа креација многу ефикасна.

Целиот стајлинг Кејт го заокружи со висечки обетки, дијамантски прстен, црна чанта, а како и секогаш војвотката не претерала со шминката. Очите само ги нагласила со црна сенка.

Сепак, она што малкумина го забележале е деталот на мокасините на Вилијам.

Вилијам и неговата сопруга се познати како луѓе кои многу внимаваат на деталите, па принцот за оваа прилика на мокасините имаше извезено мало бело-сино авионче, кое потсетува на авионот од  оригиналниот акционен филм од 1986 година.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/ЗумаПрес/Стефен Лок/Гоф Фото

Останати вести од Радио Милева