Радио Милева
носталгија

Кеба го прокоментира разводот на Северина и Игор: „ Тие се возрасни луѓе, многу ми недостига Александар, тој повеќе време поминуваше со нас отколку со Северина“

Кеба го прокоментира разводот на Северина и Игор: „ Тие се возрасни луѓе, многу ми недостига Александар, тој повеќе време поминуваше со нас отколку со Северина“

По подолга медиумска пауза, Драган Којиќ Кеба конечно се огласи за разводот на неговиот син Игор и Северина.

Имено, пејачот изјави дека многу му недостига Александар, синот на неговата екс снаа.

-Што се однесува до разводот на Игор и Северина, тој не доаѓаше да го посветувам кога се тоа се случуваше. Тие се возрасни луѓе и знаат што е најдобро за нив. Па, погледнете каква е ситуација меѓу луѓето, денес сите се разведуваат. Секако би било подобро да не се разделија, но не е мое да судам, изјави Кеба и откри колку му недостига синот на Северина.

-Секако дека внукот ми недостига. Поминуваше многу време со нас, повеќе беше со нас отколку со Северина бидејќи таа работеше. Треба да се навикнеме на тие промени, многу ни недостига. Оља и јас го обожаваме, тој е наш внук. Александар ме викаше дедо, а сега едвај го гледаме“, изјави Кеба за „српски телеграф“.

Инаку, неодамна Северина откри дека празниците ќе ги помиине со синот.

фото: Дамир Дервишагиќ/Ана Паунковиќ/ Јелена Жигиќ

 

Останати вести од Радио Милева