Радио Милева
избори за мис

Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична мисица на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“

Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична мисица на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“
Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best PHOTOMODEL).
Катарина е од Тетово, има 24 години и членка е на Модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија, Турција.
Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021 година е претставничката на Белорусија.
На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата “Краљевски” и “Луме”.
Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30-те финалистки на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“.

Останати вести од Радио Милева