Радио Милева
предвидувања

Карлеуша за првпат откако ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ проговори за колегите, а за Марија Шерифовиќ имаше најмногу да каже

Карлеуша за првпат откако ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ проговори за колегите, а за Марија Шерифовиќ имаше најмногу да каже

Јелена Карлеуша е позната по остри, но и духовити изјави. Така утрово на Инстаграм се наврати на „Ѕвезде Гранда“, музичко натпреварување во кое со години учествуваше како член на жирито и во свој стил ја предвиде иднината на популарниот формат и неговите актери.

Меѓу другото, Карлеуша предвидува дека Саша Поповиќ трајно ќе се пресели во Опатија, дека Ана Бекута ќе ја продолжи својата блескава кариера…

Највпечатлив дел секако е делот што се однесува на Марија Шерифовиќ, која според нејзината колешка ќе роди бебе.

Поп-ѕвездата во ноември го прослави својот 38 роденден, а се почесто, дури и јавно зборува за нејзината најголема желба да има дете.

– Генерално, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвена да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – откри неодамна пејачката гостувајќи во една телевизиска емисија.

фото:Facebook/Instagram/Hello.rs

Останати вести од Радио Милева