Радио Милева
нов фронт

Карлеуша во нова војна, овоја пат со српската актерка Слобода Миќаловиќ: „Само што сакав да изедам една моја Луј Витон чанта…“ (ФОТО)

Карлеуша во нова војна, овоја пат со српската актерка Слобода Миќаловиќ: „Само што сакав да изедам една моја Луј Витон чанта…“ (ФОТО)

Јелена Карлеуша е позната по тоас што нема „влакна на јазикот“, па често јавно ги коментира изјавите на одредени личности од сите сфери на општественото живеење. Иако досега нејзините колеги и некои политичари досега беа кај неа на тапет, таа сега ја прокоментира изјавата на актерката Слобода Миќаловиќ на нејзините Инстаграм приказни.

Имено, Слобода во едно од своите интервјуа истакнала дека со скапа гардероба и пари не може да се купи искрена насмевка, а потоа ги допре и веганите кои носат кожни чанти.

„Сакам добар накит, сакам добар часовник, но можам да живеам без него. Мислам дека мојот карактер и таа стабилност доаѓа одвнатре, а не од она што си го ставаме однадвор. Или некој коментира: „Јас не јадам месо, веган сум“, а потоа носи Луј Витон чанта, која дефинитивно не е од зелка. Не разбирам?!“ – изјавила актерката.

Ваквиот став очигледно ја допрел и не и се допаднал на Карлеуша, па таа во свој стил експресно и одговори на Слобода.

„Сакав да изедам една од моите чанти ‘Луј Витон’, но оваа многу паметна жена ми објасни дека таа не е од зелка. А јас јадам само зелка“ – напишала пејачката.

Останува да видиме дали актерката ќе реагира на оваа закачка на белградската „мала од скандала“, но не се сомневаме дека доколку се случи, контраодговорот на Јелена ќе биде многу подолг и поубиствен.

Фото: Инстаграм принтскрин/sloboda_micalovic_boba/karleusastar

 

Останати вести од Радио Милева