Радио Милева
по љубов или во извидница?

Карлеуша во Истанбул славеше „Св. Валентин“ или „Св. Трифун“: За „Денот на вљубените“ зедно на вечера со Душко и пријателите, ама дали таа ноќ и во ист кревет со сопругот? (ФОТО)

Карлеуша во Истанбул славеше „Св. Валентин“ или „Св. Трифун“: За „Денот на вљубените“ зедно на вечера со Душко и пријателите, ама дали таа ноќ и во ист кревет со сопругот? (ФОТО)

Наголемо се пишува за новата брачна криза на фолк пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, кој од пред некое време е нов фудбалер на турскиот прволигаш „Касимпаша“ од Истанбул.

Токму во Истанбул, Карлеуша го помина „Денот на вљубените“, каде реши за празникот да отпатува заедно со својот ПР менаџер Зоран Бирташевиќ и уште еден нивни пријател. Пејачката вечерта ја помина со својот сопруг, но не на интимна вечера, туку на заедничка со нејзините и уште некои негови пријатели, па објави и неколку фотографии од заедничката дружба за Свети Валентин.

Вечер која  очигледно повеќе личела, како што може да се види,  на прослева на Свети Трифун, со чашите вино в раце.

Некои од српските медиуми кои ја поддржуваат белградската „скандал мала“ напишаа дека со овој потег Карлеуша им ја затнала устата на озборувачите, хејтерите и злобниците…

…Додека други гласно го поставууваат прашањето: Карлеуша – да, на заедничка вечера со Душко и пријателите за „Денот на вљубените“, ама дали и во ист кревет таа ноќ со сопругот?

Да потсетиме, како што веќе објавивме,  сопругата на Душко Тошиќ отпатува во Турција со својот ПР менаџер и неговиот пријател, а само неколку часа претходно неговата љубовница Ана Јовановиќ се врати во Белград. Сопругата на Душко мораше да оди на извидување по секоја цена за да се увери дека сопругот не ја лаже. Сепак, Ана и Душко се веќе добро уиграни и како одлично координиран тим се грижат за секој детал, па и љубовницата и сопругата никогаш да не се сретнат, пишуваше српски Курир.

Останати вести од Радио Милева