Радио Милева
роденден за паметење

Карлеуша го покажа луксузот во кој ужива: Со специјална торта, шампањ и поглед од милион долари, во Дубаи го прослави 44-от роденден (фото)

Карлеуша го покажа луксузот во кој ужива: Со специјална торта, шампањ и поглед од милион долари, во Дубаи го прослави 44-от роденден (фото)

Српската поп-фолк дива Јелена Карлеуша го прослави својот 44 роденден, а по тој повод ги спакува куферите и замина во Дубаи.

Имено, Карлеуша еден ден пред роденденот ги спакува куферите и со ќерките отпатува на луксузна дестинација.

По тој повод таа сега се огласи и на своите следбеници им покажа во каков луксуз ужива.

Карлеуша снимила и како нејзините ќерки биле пречекани во луксузниот комплекс каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој таму, потоа покажала торта во форма на буквата „Ј“, шампањ, а потоа поглед од милион долари.

Нема сомнеж дека Карлеуш долго ќе го памети овој роденден.

Фото:Принтскрин/Инстагарм/Јелена Карлеуша

Останати вести од Радио Милева