Радио Милева
готово е...

Карлеуша дефинитивно се разведува: Поп-фолк дивата јавно обзнани дека бракот со Тошиќ – заврши! (ФОТО)

Карлеуша дефинитивно се разведува: Поп-фолк дивата јавно обзнани дека бракот со Тошиќ – заврши! (ФОТО)

Српската поп-фолк дива Јелена Карлеуша дефинитивно се разведува. По сите премрежја и брачни бродоломи, семејни кавги и недоразбирања, неверства и скандали кои го следеа нејзиниот брак со некогашниот фудбалер, сега фудбалски менаџер Душко Тошиќ, пејачката излезе со јавна објава дека се разведува.

Имено Карлеуша на својот Инстаграм јавно обзнани дека е готово… Дека нејзиниот брак со Душко по 14 години тука завршува, а тој повеќе не се гледа себе си како дел од семејството и нема разбирање за нивната семејна (дис)хармонија и затоа тое двајцата спогодбено се разидуваат.

„Од јавноста не очекувам човечко разбирање, поминав секаков линч, па ќе го поминам и ова, НАВАЛЕТЕ“. Преживеав се, па ќе го поминам и ова. Животот оди понатаму“ –  додава таа.

Во продолжение прочитајте го целото нејзино соопштение во вид на објава на Инстаграм:

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

Останати вести од Радио Милева