Љубов и Секс

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Ако сте маж чиј сексуален живот не е како што си замислувате, според едно најново истражување, треба да погледнете во вашите карактерни особини.

Истражување спроведено на Технолошкиот универзитет Квинсленд покажа дека мажите со одредени карактеристики имаат повеќе секс од останатите.

Се покажало дека мажите кои се отворени, емотивно стабилни, совесни и кои сакаат да ѝ удоволат на партнерката, имаат побогат сексуален живот

Истражувањето, во кое учествуваа 3.000 мажи и 1.500 жени кои споделиле податоци за нивниот сексуален живот, покажа дека кај мажите е важно какви карактерни особини имаат во однос на тоа колку секс имаат, а кај жените тоа не било толку важно.

„Најдовме клучни разлики меѓу мажите и жените кога станува збор за тоа колку често имаат сексуални односи. Во споредба со жените, кај мажите има многу повеќе фактори што влијаат врз тоа колку често имаат секс, што ги објаснува големите варијации во тоа колку им е богат сексуалниот живот“, објаснува Стивен Вајт кој го водеше истражувањето.

Отвореноста е подеднакво битен фактор и кај мажите и кај жените, но кај мажите се важни и совесноста, емотивната стабилност и подготвеноста да ѝ удоволат на жената.

извор: Кајгана