Радио Милева

Кандидатка во „Ѕвездите на Гранд“ ја споредија со грдото пајче, а Ана Бекута и порача: „Никогаш повеќе немој да облечеш такви гаќи“ (видео)

Кандидатка во „Ѕвездите на Гранд“ ја споредија со грдото пајче, а Ана Бекута и порача: „Никогаш повеќе немој да облечеш такви гаќи“ (видео)

Во синоќешната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 – годишната Бранкица Чулибрк која во првиот круг се претстави со песни од Тања Савиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

За оваа прилика таа одбра комбинација која не им се допадна на жирито.

Доби гласови од Ана Бекута и Вики Миљковиќ која се повлече и одлучи дека не сака да и биде ментор.

По мало размислување, Ана прифати да и биде ментор со објаснување:

„Ќе ти бидам ментор само да ти покажам дека девојка од 19 години не смее да се појавува на сцената  во такви гаќи. Ќе те земам  за да те научам на некои работи“ изјави Ана.

Додека пак Карлеуша искоментира дека не станува збор за гаќите, туку дека кандидатката во оваа комбинација изгледа многу евтино. Поп дивата ја спореди со грдото пајче, но истакна дека доколку некој се погрижи за неа во следниот круг ќе изгледа прекрасно.

Ана Бекута ќе ја советува и подготвува кандидатката за вториот круг.

Останати вести од Радио Милева