Мегафон

Калиопи во сабота ќе одржи концерт во Ниш

Калиопи во сабота ќе одржи концерт во Ниш

Maкедонската поп дива Калиопи Букле по речиси година ипол пауза од концерти и настапи поради короната, се враќа на музичката сцена.

Имено, викендов, на 31.07.2021 во Ниш пејачката ќе го одржи својот прв настап по принудената пауза.

„Драги мои, моето срце чука побрзо и погласно од помислата дека наскоро повторно ќе пееме заедно, под исто небо“, напиша пејачката.

Љубителите на нејзината музика во сабота во Ниш ќе имаат прилика да ги слушаат најголемите хитови на македонската дива.