Радио Милева
летна слика во зима

Калиопи славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат желбите и остварувањата… а таа на животот преблагодарна! (ФОТО)

Калиопи славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат желбите и остварувањата… а таа на животот преблагодарна! (ФОТО)

Роденден е денот што го чекаме цела година… Барем додека сме деца, кога сме без грижи, обврски, секирации, растежи и падови… Онакви какви што подоцна животот на секој од нас во различна мерка и обем ќе му ги натовари.

Сепак, родендените се слават и одбележуваат до крајот на животот, а годините колку и да се само бројка во личната карта, се и секоја засебно парче, уште една коцкичка од мозаикот на секој од нас, наречен живот!

Македонската поп дива Калиопи Букле е една од оние која  на само неколку дена пред Нова Година секоја година го слави својот роденден! Оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, но затоа им се бројат честитките, поздравите, желбите…

И на оние што и честитатаат во случајов на распеаната славеничка и на неа самата која во уште една година која изминува не само што има свои желби за иднината, туку и самата си направила своевидна  ретроспектива  на сопствените успеси и  достигања, животни растежи и падови низ сите овие години… И сосема разбирливо за една жена која е повеќе од успешна во својата професија, со години позната и популарна, од првиот до последниот испеан тон вонсериски квалитетна, чудесно креативна, а при тоа и повеќе од емотивна и нежна, среќна и тажна, цврста и кршлива, грешница и светица, јагне и волчица,  со куфери полни со љубов, најмногу за најблиските и најмилите, за соработниците и пријателите, за следбениците и обожавателите, за сите…!

Токму таква е и нејзината роденденска порака  во вид на прашања и одговори за сопствените години во која Калиопи во неколку реченици претрчала низ својот живот со една единствена констатација дека… Ништо не би менувала и е преблагодарна! Веројатно затоа и чудниот избор на роденденската фотографија… Зашто и покрај се’, нејзе и е лето и среде зима.

Нека ти се множат годините, успесите и радостите… Среќен роденден и од нас, диво!

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

 

Останати вести од Радио Милева