Радио Милева
нешто се крчка

Калиопи се врати од кај Ромео Грил и со насмевка од „шестка до шестка“ сподели убави вести: „Не можам да дочекам“ (фото)

Калиопи се врати од кај Ромео Грил и со насмевка од „шестка до шестка“ сподели убави вести: „Не можам да дочекам“ (фото)
фото: принтскрин/калиопи

Музичката сцена повеќе од една година е на принудена пауза поради пандемијата со коронавирусот. Естрадните уметници не само што не настапуваат, туку поголемиот дел од нив не снимаат и нови музички парчиња.

Македонската пејачка Калиопи Букле од самиот почеток на пандемијата се дружи со фановите преку социјалните мрежи.

Имено, пејачката се вклучуваше во живо да пее со фановите, имаше онлајн концерти, организираше уметнички натпревар…..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)


Естрадните уметници со нетрпение чекаат да се вратат на своите настапи и повторно да уживаат со публиката.

Калиопи е препознатлива по своите големи хитови кои никој не останува рамнодушен кога таа ќе го пушти гласот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

А сега како што најави се “крчка“ нова песна и тоа во студиото на нејзиниот поранешен сопруг и  верен соработник, Ромео Грил.

Имено, Калиопи на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која нема ни грам шминка, а има насмевка од „шестка до шестка“, па најави дека подготвува нешто ново.

„Зошто сум толку среќна? Бидејќи слушнав нешто ново од музичката лабараторија на господин Ромео Грил. И знаете што? Не можам да дочекам да се вратам во студио, да снимам и да го споделам со вас…За да престане оваа луда ситуација и да се вратиме на нормалниот живот“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Од професионалниот однос меѓу Калиопи и Ромео произлегуваа многу хитови, па македонската дива уште еднаш му ја укажа довербата на Ромео.

Што ни подготвува Калиопи останува да видиме, а кога станува збор за неа, сигурно ќе биде нов хит.

Останати вести од Радио Милева