Македонската поп дива Калиопи Букле на 17 јануари 2023 ќе одржи концерт во Минхен, Германија, во рамките на културната манифестација „Балкански денови 2023“.
„ Со нетрпение го очекувам концертот во Минхен, во новата модерна сала ‘Исар Филхармонија“ – сподели Калиопи на својот Инстаграм, најавувајќи го настапот на кој ќе ја придружува нејзиниот постојан бенд, со кој во живо настапува долги години.
Таа пред Нова година имаше неколку успешни настапи во Србија и ширум регионот, а сезоната ја заврши со спектакуларниот концерт во театарот во Велес.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.