Радио Милева
гости и домаќинка

Калиопи им беше добра домаќинка на белградските актерски ѕвезди: „Беле руже“ за убавото друштво и „Бато“ на увце за Мима (ВИДЕО)

Калиопи им беше добра домаќинка на белградските актерски ѕвезди: „Беле руже“ за убавото друштво и „Бато“ на увце за Мима (ВИДЕО)

На сцената на Македонскиот народен театар на 4 (вторник) и 5 октомври (среда) со почеток во 20:00 часот ќе гостува Белградско драмско позориште од Белград со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

Екипата на „Београдско драмско…“  уште претходниот ден пристигна во Скопје, а вечерта ја мина во еден познат елитен скопски ресторан, каде повеќе од добра домаќинка на белградските атерски ѕвезди им беше нашата поп дива Калиопи. Меѓу сите нив, секако најреспектабилна и најголема ѕвезда, бардот на југословенското илумиште, Мима Караџиќ.

„Еве не вечерва во Скопје, во еден прекрасен ресторан… Музиката фантастична, ресторанот лудило, како и храната, пијалокот, екипата…“ – со воодушевување рече снимајќи со својот мобилен легендарниот актер, споделувајќи дел од атмосферата во која со колегите и домаќинката со звуците на тамбурашката музика уживаа во незаборавнта вечер(а).

А вечерта исполнета не само со добра храна, пијалок и бесценети муабети, туку и со уште многу други нешта како сегменти од забавата кои проводиот го прават единствен и незаборавен.

Од заедничко пеење на познатите кафеански песни, преку виолина на увце за една гостинките…

До рецитирање стихови поезија на единствениот Мима…

Се разбира, покрај одличната тамбурашка музика, главна кога е во прашање песната беше домаќинката… Брилјантна кафеанска анплагд изведба на „Беле руже“ за екипата и целиот ресторан и специјална интерпретација само за Мима…

На што друго ако не на „Бато“… Вечниот евергрин на Калиопи -„Роѓени“ како што му е вистинскиот наслов, во тамбурашко-вокална изведба на оркестарот и поп дивата. Само нејзиниот вокал и звукот на тамбурите кој ја леди крвта во жилите.

Останатото е само дел од имтимната атмосфера на преубавиот дочек и провод на актерската екипа на „Белградско драмско“, која во скопската октомвриска ноќ го најде своето „топло гнездо“, пред театарската изведба  на нивната верзија на „Летот над кукавичкото гнездо“ во МНТ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

 

Останати вести од Радио Милева